Со мини оркестар и 26 изведувачи се подготвува штипски Макфест кој ќе се одржи на 25 и 26 октомври

Организациските и технички подготовки за овогодинешното издание на Макфест се веќе завршени. На 25 и 26 октомври штипјани, но и сите останати ќе може да уживаат во прекрасните мелодии на модерната музика. Оваа година е воведен и новитет, однонсо изведувачите ќе бидат пратени од мини оркестар составен од 15 музичари. Организаторот, Александар Арсовски, вели дека во моментот се вежбаат мелодиите кои ќе бидат изведени годинава на Макфест.

„Оваа година ќе се реализира на 25 и 26 октомври, ќе биде во Домот на културата Ацо Шопов Штип. Новина оваа година е дека освен изведбата во живо, изведувачите же бидат пратени од мини оркестар кој ќе биде составен од 15 музичари. Сите организациски и технички припреми за фестивалот се завршени“ – вели Арсовски.

Ќе се престават 26 изведувачи меѓу кои и Елена Ристевска. Единствена награда која ќе се додели ќе биде за најслушаната песна меѓу двата фестивали. Други награди идентично како и претходната година не се предвидени.

„Единствена награда која ќе се додели оваа година ќе биде наградата за најслушана композиција во прериодот меѓу двата фестивали. Други награди не се предвидени. Можам да кажам дека интересот од година во година на изведувачите за учество на фестивалот се зголемува.“ додава Арсовски.

Макфест е фестивал на забавна музика кој традиционално се одржува секоја година во Штип. Арсовски во оваа прилика ги покани граѓаните да присуствуваат и уживаат во веќе подготвената богата програма.

Лаура Стојанова М-Нет