Со положување цвеќе и со минутен молк денес во Штип се одбележа Денот на победата над фашизмот

Со положување цвеќе пред споменикот на народните борци и едноминутен молк, денеска беше одбележан 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Петар Мицевски, претседател на сојузот на борци Штип истакна дека станува збор за еден од најзначајните датуми во светската и македонската историја, кој го означува крајот на Втората светска војна и победата над фашизмот. Според присутните, 9 Мај претставува симбол на слободата, мирот и жртвата на борците кои ги поставиле темелите на македонската државност.

„Денешниот ден на учествување е во знак на одбележување на 81 година од денот на победата над фашизмот. Епохален настан од народоослободителна антифашистичка војна на Македонија, круна и славен епилог на четиригодишните борби од 1941 до 1945 година, против фашистичките окупатори и агресори. Овој ден има своја немерлива историска димензија и вредност и во светски размери, бидејќи на 9 мај 1945 година триуфални и со блескава победа заврши победоносниот од и пад на ослободителната борба. Тоа значеше и дефитивен крах и дебакл на поробувачката и окупаторска политика на фашистичките сили. 9 мај 1945 година е франдиозен настан, епохален ден со кој се потврди победата на коалицијата над мрачните и брутални апокалиптички сили на германскиот рај со неговите сателити, Констатираме дека темелите на нашата самостојна Македонска држава се поставени на тлото натопена со крвта на паднатите борци. Бурната историја на нашиот народ и неговата трајна ослободителна борба укажува дека 9 мај 1945 година не е чин што сам по себе дојде.“- Петар Мицевски претседател на Општинската организација (ОО) Сојуз на борци-Штип

Воедно, беше нагласено дека сеќавањето на народноослободителната борба треба да се негува и пренесува на идните генерации.

Дајана Сандева, М-Нет