Децата од основните училишта и СВР Штип возеа велосипеди до спортскиот аеродром „Сушево“

Денеска се одржа групно возење на велосипеди од ученици на основните училишта во Штип, заедно со претставници од СВР Штип. Почетната точка беше ООУ „Ванчо Прќе“ а крајната цел беше спортскиот аеродром СУШЕВО, каде децата ги пречека пензионираниот пилот Раде Иваноцски и ги запозна со работата на спортскиот аеродром и школата за пилоти

„Постоиме веќе 6 години, но на некој начин короната си го направи своето. Сега сме по повод на оваа „Велосипедска трка“, не трка туку улество на децата тука и посета на нашата школа. Инаку, овде во позадина се гледаат авионите кои летаат, имаме уште некој средства. Инаку од минатата година се опремивме и со авион за прскање комарци, за земјоделие и така. Сега за сега не сме уште, но овој авион има можност за гасење на пожари, значи веднаш ја испушта водата, капацитетот е 650 L, така да се надеваме дека ќе помогнеме ако дојде до тоа.“- Раде Ивановски, пензиониран пилот

Децата научија нови вештини, се здобија со нови искуства и безбедно стигнаа до крајната цел

Дајана Сандева, М-Нет