Со положување свежо цвеќе во Пробиштип одбележан празникот Свети Гаврил Лесновски

Со положување свежо цвеќе на споменикот на Свети Гаврил Лесновски во центарот на Пробиштип општината го започна празнувањето на денешниот ден 28 јануари. Делегации од општината и Советот, преставници на политички партии, здруженија и пријатели оддадоа чест на Свети Гаврил Лесновски, кој се замонашил во Лесновскиот манастир.

„Свети Гаврил Лесновски , тој живеел во 11 век. По потекло од Крива Паланка. Уште како млад го изучувал светото писмо, потекнува од богати родители. Неговите родители сакале тој да се ожени додека Свети Гаврил Лесновски не сакал. Тој се молел на Бога да го задржи детството. Неговата избрана девојка умира, а тој се замонашува во Лесновскиот манастир посветен на Арханѓел Михаил. Овде основа братство и сиот свој имот го оставил овде во Лесновскиот манастир“ – вели отец Јохан.

Моштите на Свети Гаврил Лесновски биле пронајдени од монахот Јосиф. Уште додека бил жив правел чуда, а исцеленија се забележани и на неговиот гроб до ден денешен.

„Свети Гаврил Лесновски му се јавува на еден монах кој се викал Јосиф по потекло од Русија. Неговите мошти биле пронајдени од овој монах кој доаѓа овде со неговиот препоставен митрополит. Уште додека бил жив бил надарен со жудитворца. На неговиот гроб имало многу чудеса и исцеленија до ден денешен. По молитвите на Свети Гаврил Лесновски Бог да не помилува и да не спаси. Нека е за многу години денешниот ден“ – додава отец Јохан.

Култот на преподобен Гаврил бил одржуван и во сликарската традиција со сликањето на негови портрети по фрескоживописите, иконите, ракописите и по другиот црковен инвентар, како и во народното творештво, во голем број месни преданија и легенди.

Бил чудотворец за време на животот и по смртта. Умрел на крајот на 10 век.

Лаура Стојанова М-Нет