Со Петко утре се отвора 13. издание на театарскиот фестивал за деца „Малиот принц“ во Штип

Со Петко и пет плус фамилија утре се отвора 13. издание на театарскиот фестивал за деца „Малиот принц“. И оваа година се избрани најубавите престваи за најмалата публика, а дополнително ќе се одржат и работилници,.

„Исто како и претходните години и оваа година се потрудивме најмалата публика да има можност да ги погледне најубавите престави. Покрај редовната програма оваа година ќе имаме и работилници во кои нашите дечиња ќе може да учествуваат.“ – вели Ристевски.

Четири од преставите ќе се одиграт во Центар за култура „Ацо Шопов“ Штип, а една во театарот. Истите ќе бидат во различен времеснкиот период прилагодени за најмалата публика.

„Отвараме со Петко, Пет + фамилија, утре во 19 часот.“ – вели Хусеини.

Дополнително дечиња од училиштата во Штип ќе имаат можност да учествуваат на работилници на кои ќе учат осовременување на познатите класични приказни.

„Таа група на деца ќе работи на осовремување на познатите класични приказни. Тие ќе научат како класична приказна да ја преработат со модерна, современа верзија од неа и од таа верзија на крајот ќе видиме како ќе биде процедурата.“ – вели Ристов.

Театарскиот фестивал за деца „Малиот принц“ ќе трае од утре 10 септември до понеделник 15 септември.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет