
Пред два месеци во домот на семејството Нацеви од гнездото паднал штрк. Бил повреден, не можел да лета и оттогаш останува кај нив. Како што вели Анка Нацева, секојдневно се грижат за штркот, му обезбедуваат храна, а има и место за спиење.
„Два месеци го чувам штркот, беше паднал од гнездото и остана си тука. Не може да лета, па тренирал сега. Спие надвор во дворот, но кога врне дожд доаѓа на терасата, а влеува и во кујната. Јаде се, колбаси, риба, пилешко месо и слично“ – вели Нацева.
Но, проблемот е што условите не се доволни за да продолжи грижата и негата за штркот. Нацева децидна дека во зимскиот период нема услови да му ја пружи неопхпдната грижа, и затоа бара надлежните да го земат штркот и да се грижат за него.
„Јас немам услови да го чувам овде, па барам надлежните да го земат и да се грижат за овој штрк“ – додава Нацева.
Штркот полека се учи на условите кои му се нудат во моментот, но неопходно е грижата за него да продолжи и во текот на зимата.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет