
Со музика, танц, песнички и рецитал, дечињата од ДГ Вера Цирвири Трена, денеска организираа приредба и голем базар по повод предстојниот празник Велигден и веќе расцутената пролет. Дечињата во сите клонови на оваа градинка, заедно со своите родители иразботија велигденски украси и нашарија јајца, кои денеска ги продадоа на пристуните. Директорката на градинката Ивана Ангеличкова, вели дека радува фактот што овие настани се одржуваат традиционално секоја година, а посебно задоволни се родителите.
,,Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, децата од нашата градинка Вера Циривири Трена, вклучително од 3 до 6 години децата, припремија пригодна програма со која даваат почит кон христијанство и празникот. Воедно имаме и велигденски базар. Сакам да истакнам дека ова е во склоп на целата недела во секој клон. Вредните рачиња на дечињата заедно со родителтие изработиај велигденски украси, кои што тие ќе си ги продадат сега, а во пресрет на програмата е вклучена и пролетта , заедно со велигден со соодветни музички точки и рецитал.“, вели Ангеличкова
Собраните средства Ангеличкова вели ќе се користат за репро материјали за нивната заврша приредва. Како што посочи оваа година слават јубилеј од 60 години постоење.
,,Собраните средства како секогаш ќе се користат за репро материјали за нашата заврша приредба. Оваа година ќе слевиме јубилеј 60 години постоење.“, додава таа
Дечињата, кои денеска беа одлични домакини во градника, велат изработките ги иразботиле за неколку часа, со помош на родителите. Вредно застанаа зад нивните мини тезги и продаваа како вистински продавачи.
Инаку, настанот се органзиира традиционално секоја година, а истиот има за цел да оддаде почит кон христијанството и празникот Велигден, посветен на спасителот Христос.
Иван Митев, М-Нет