Стојанче Ангелов во потрага по пилоти за „ер трактори“ пред сезоната на пожари

Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, бара пилоти на „ер трактори“ пред сезоната на пожари. Денеска тој беше на спортскиот аеродром кај Штип, каде што се разговараше за можностите за основна обука на нови пилоти за противпожарните авиони.

Ангелов се сретна и со тројца потенцијални кандидати кои имаат над 300 часа налет во спортско летање. Дел од нив учествуваа и во извидувачки лет над штипскиот регион, со цел да се процени нивната подготвеност за управување со „ер трактор“.

Во моментов, Дирекцијата за заштита и спасување располага со пет пилоти за овие авиони. Еден „ер трактор“ е веќе сервисиран и подготвен за употреба, додека два се на сервис и се очекува да бидат вратени во функција најдоцна до април, односно мај.

ТЕЛОП:

„Во овој моментов ДЗС има пет пилоти на „ер трактор“, еден авион е сервисиран и е на аеродром функционален и два се на сервис, коишто се очекува да пристигнат сервисирани и подготвени за употреба во април, а најдоцна во мај, со што поподготвено ќе се пречека летната сезоната на пожари на отворено.“, велат од дирекцијата за заштита и спасување

Надлежните очекуваат дека со засилување на кадарот и со целосна техничка подготвеност, државата ќе ја дочека сезоната на пожари поспремна и поефикасна во справувањето со огнените стихии.

Иван Митев, М-Нет