
Гледајќи како се развиваат и како се одгледуваат рано градинарските култури во други градови во нашата држава, се раѓа желба уште на 16 годишна возраст и кај Тоде Димитров од село Соколарци, кочанско. Тако тој започнува со пластеници да сади и одгледува рано градинарски култури, и со тек на времето да го зголемува неговото производство и го пласира на пазарот.
„Од почетокот гледав како се одгледуваат раноградинарски култури во Струмица и од овде се роди желба и кај мене уште на 16 годишна возраст. Со помош на мои пријатели започнав со пластеници да одгледувам раноградинарски култури и да ги пласирам на пазарот“ – кажа Тоде Димитров, земјоделец.
Господинот Тоде започнал со одгледување на домати, потоа продолжува со пиперки за денеска кај него да се одгледуваат разни видови на зеленчук. Производите се органски и чисти, се наводнуваат со систем капка по капка, со вода од бунар кој е ископан лично од Тоде.
Системот капка по капка функционира со посебна течност за потхранување на културите и заштита од болести.
Условите на нашето поднебје се одлични за одгледување на раноградинарски култури, вели господин Тоде, потребно е само желба, упорност и многу работа за да се успее во оваа работа.
Лаура Стојанова М-Нет