
Против дигитализиација на учебниците денеска се одржа протест на родителите точно напладне во повеќе градови во државата. Тие бараат учениците да продолжат да користат печатени учебници, бидејќи предлогот на Министерството за образоание и наука и министерката Мила Царовска не се добир за учениците.
„ Ја поддржувам граѓанската иницијатива „Учебници мора да има“ и како родител и како наставник. Ценам дека самиот Закон кој се донесува не е со таа намера која се кажува, бидејќи ни до сега не постоеле пречки да се внесуваат дигитални учебници, но за жал такви нема“ – посочи Цвеќаровска, родител од Кочани.
Протести се огранизираа пред општините повеќе градови. Причината е заради тоа што и општините ќе поднесат голем дел од товарот.
За родителите не е прифатливо нивните деца да учат од дигитални учебници. Не ја отфрлуваат идејата да се користат и печатени и дигитални, но само дигитални за нив не е во ред. Целосна поддршка добија и од наставниците.
Предлогот на Министерството за образование и наука е учениците до трето одделение да користат печатени учебници, а останатите одделенија од четврто до четврта година да учат од дигитални учебници. Родителите истакнаа дека ќе продолжат да се борат за нивните деца да учат како и претходно од печатени учебници.
Лаура Стојанова М-Нет