
Со импементацијата на новиот Скада систем ЈП Исар ќе работи на намалување на загубите на вода. Тоа значи дека со овој систем ќе се врши контрола, мониторинг на водата за пиење каде се губи откако излегува од филтер станицата. Директорот Александар Арсовски посоочува дека со воведување на овој систем нема да бидат регистрирани енормоно големи загуби на вода, кои ЈП Исар мора да ги плати од својот Буџет.
„Најголем проект на кој моментално сме фокусирани е имплементирањето на системот „СКАДА“. Тоа значи мониторинг, контрола, управување, анализа на целиот водоводен систем во градот. Тоа е еден систем, еден проект кој ќе ни овозможи оние скоро 60% на загуби на вода да ја сведеме на минимум. Можам да кажам дека скоро два ипол милиони метри кубни вода ЈП Исар губи некаде низ линиите во градот, таа вода не се фактурира, но трошокот за таа вода е направен и е платен.“ – вели Арсовски.
Дополнително на ова ќе се стави ред и на кражбите на вода од страна на несовесни граѓани. Преку системот ќе се пронаоѓаат сите корисници кои крадат вода, а тоа се фактурира на сметка на ЈП Исар. На тој начин нема да се трошат несоодветно финансиски средства, со што може да се тргне претпријатието од стаклени нозе, а во иднина дури и да се намали сметката за вода за корисниците во градот.
„Еден од сегментите коишто го овозможува овој систем е утрвдување и на тие диви приклучоци. Тој е автоматизиран софтверски систем кој ќе ги покажуав сите критични точки кадешто се губи водата откако излегува од филтер станицата“ – додава Арсовски.
Арсовски посочи дека ова е еден од поголемите проекти кои треба да се имплементираат во наредниот период. Во меѓувреме се работи тековно на одржување на чистотата во градот, косење на трева, одржување на паркови и зеленило и слично.
Лаура Стојанова, М-Нет