
Купувањето стар леб по пониска цена станува секјдневие. Граѓаните пред се заради финансиската ситуација одлучуваат да купат вчерашен леб и намсто по нормални 30 до 35 денари, за него да издвојат 15 до 20 денари. Велат дека некој го купува за консумирање, други го земаат за нивните домашни животни, бидејќи стандардот и високите цени не дозволуваат постојано да се купува денешен леб. Дел од граѓаните пак велат дома месат леб бидејќи ем е поисплатливо, ем лебот е повкусен.
Дека се бара лебот од вчера согласни се и пекарите. Велат дека најчесто се купува заради еконоската ситуација, а тој леб е поевтин, но од друга страна велат има некои кои го купуваат и консумираат заради здравствени причини.
„Секојдневно ние имаме стални муштерии кои го консумираат лебот од вчера. Некој од здравствени некои од економски причини, но задволни сме и ние и нашите купувачи“ – вели Малинов.
Вчерашен леб се продава речиси во сите пекари во Штип, па граѓаните велат ако остане секојдневно можат да си купуваат леб по пониска цена.
Лаура Стојанова, М-Нет