Англискиот јазик најбараниот во светот, во државата него го учат највеќе младите

„Колку човекот знае повеќе јазици, толку е по богат“ е честата народна изрека на граѓаните во истокот. Но, колку во денешницата истите се знаат, М- нет телевизија разговараше со нив и секој позитивно гледа на ваквиот случај. Според анкетираните, највеќе се користи англискиот јазик како официјален светски и истиот се знае во поголеми проценти кај младите, но во сеќавање во помали проценти и кај повозрасните.

“Англиски и со истиот може да се работи овде во фирми, компании.“, истакнаа граѓаните

“Добро е да се изучува.“, додаваат граѓаните

“Треба да го знаат сите јазико во светот.“; додаваат граѓаните

Повозрасните граѓани истакнаа дека имаа познавање на англиски и германски јазик колку да се снајдат, но според нив и тоа е доволно, имајќи во предвид дека поминало доста време од кога тие се збогуваа со училишните клупи.

“Англиски, па знаеме да прашаме како се викате, некој зборови знаеме.“, велат грѓаните

„Само Македонски, jaс сум 40 година.“, изјавија граѓаните

„Да знаеме нешто англиски и германски.“, додаваат граѓаните

Според психолозите, децата имаат капацитет за голема меморија, па неретко можеме да забележиме како дете на 7 години веќе зборува одреден јазик. Според педагозите на децата треба да им се дава активно развивање на моториката, имајќи во предвид дека од првата до шестата година детето ги создава сите навики, а потоа целото нешто се доусовршува.

Лаура Стојанова, М-Нет