
Со изградбата на новата клиничка болница во Штип се работи на изградба на нов објект на каде ќе биде сместен Факултетот за медицински науки. Ова ќе донесе подобри услови за студирање на идните лекари, но дополнително и можност да се пружат здравстевни услуи на пациентите од Истичниот регион. Универзитетот има маркица за градба, а во моментот основниот проект за новиот факултето е предаден на Проектната група при Министерството за здравство, задолжена за изградба на новата Клиничка болница.
„Како активност ќе биде вклучен објектот на медицинскиот факултет со соодветни институти ќе биде вклучен со изградбата на новата болница. Идејата е тој објект да биде комплементарен со болницата, институтите со факултетот да ги пружаат здравствените услуги дополнително за да се подобрат условите за функционирање и на болницата и на здравствените услуги кон граѓаните во Источниот регион. Веќе бевме контактирани и од проектната единица и во тек се активности со компаниите кои ќе го изведуваат проектот“ – вели Мираковски.
Според проектот од 2014, кој најверојатно ќе треба да претпрпе измени, факултетот ќе се простира на околу 6000метри квадратни. Освен амфитеатар, предавални, во него ќе бидат сместени и неколку институти кои ќе имат научно-образовна компонента. Од изградбата на новиот објект бенефит ќе имат и медицинскиот персонал во болницата, но и граѓаните.
„Вклучува повеќе повеќе институти коишто освен што ќе имаат научно – истражувачка и образована димензија во себе ќе бидат комплементарни и со функционирање на болницата, односно ќе даваат и јавно здравствени услуги заедно со болницата“ – додава Мираковски.
Студиските програми на Факултетот за медицински науки, се помеѓу најатрактивните на штипскиот Универзитет и овде студираат најголем број на студенти, кои за да ги следат предавањата се приморани да се движат од еден до друг кампус кои меѓусебе се одалечени. Освен домашните, најмногу застапени се и студентите од Турција, но и од други држави, а програмата по општа медицина може да се следи и на англиски јазик.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет