Штипски Младост УГД остана без полуфинале во одбојкарскиот Куп кај дамите, познати сите патници во полуфиналето на Купот

Екипите на Работнички Скопје, Наковски Волеј, Јанта Волеј и Фит Фан Волеј обезбедија пласман во полуфиналето од одбојкарскиот Куп на Македонија во женска конкуренција.

Работнички Скопје со убедливи 3:0 во сетови го декласираше штипски Младост УГД со што фаворитот патува во следната фаза од Купот.

Првиот сет Работнички Скопје го доби со 25:18, а потоа во следните два сета штипјанки немаа сили да му парираат на расположениот фаворит и сетовите ги загубија со 25:14 односно 25:13.

Наковски Волеј во целост го декласираше Вардар ЕМ со доминација во сите три сетови, а резултат низ истите беше 25:6 во првиот сет, 25:15 во вториот и 25:13 во третиот сет.

Поизрамнет четвртфинале меч имаше меѓу Јанта Волеј КВ и Газели Волеј каде тимот на Јанта Волеј КВ со 3:0 во сетови беше подобар. Првиот сет заврши со 25:20, а потоа во следните два сета резултатот беше идентичен односно 25:21.

Фит Фан Волеј е последниот патник во полуфиналето, откако со 3:2 во сетови беше подобар од Пелистер Волеј и практично овој натпревар беше и најнеизвесниот.

Битолските одбојкарки имаат предност од два сета кои ги добија со 21:25 и 17:25, но и тоа не беше доволно, откаок Фит Фан Фолеј следните три сета ги доби. Третиот сет со 25:15, а четвртиот со 25:18. Во петтиот сет Пелистер Волеј се обиде да да парира, но на крајот не успеа во таа цел и истиот го загуби со 15:12, па Фит Фан Волеј преку пресврт обезбеди полуфинале од одбојкарскиот Куп на Македонија во женска конкуренција.

Александар Ванев, М-Нет