Со едноминутен молк и пигодна манифестација одбележан партонатот на касарната „Јане Сандански“ во Штип

Со положување свежо цвеќе и пригодна манифестација касарната „Јане Сандански“ во Штип го одбележа својот патрон празник. Воедно се одбележаа и 110 години од смртта на Јане Сандански.

„Не попусто државата му оддава почит и спомен со опевање во својата химна. Сандански прецизно може да се опише како преставник на македонската народна делегација и двигател на своето време. Тој е истакнат револуционер, војвода, организатор.“ – вели Сумрачки.

Денешната пригодна манифестација започна со едноминутен молк, како знак на почит на починатите од пожарот во кочанската дискотека. Истовремено посакаа побрзо закрепнување на повредените, меѓу кои има и тројца од вториот пешадиски батаљон.

„Во оваа прилика би сакал да изразам искрено и длабоко сочуство на семејствата на загинатите во пожарот и да посакам побрзо закрепнување на сите повредени. На Драган, Петар и Иван им посакуван што побрзо да се вратат во стројот меѓу другарите и колегите од вториот пешадиски батаљон.“ – дпдава Сумрачки.

Манифестацијата беше збогатена со рецитал за Јане Сандански.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет