Променливо облачно време со дожд во западните делови, температурите постепено ќе опаѓаат

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне на одделни места повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе се движи од минус 1 до 7 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од минимални 4 до максимални 15 степени.

Во наредните денови ќе продолжи променливото облачно време, со постепено опаѓање на температурите. Врнежи од дожд се очекуваат и во понеделник, кога поради продор на постуден воздух од север, попладне на планините дождот ќе преминува во снег.

Нов бран врнежи од дожд се очекува во четврток и петок.

Текстот Променливо облачно време со дожд во западните делови, температурите постепено ќе опаѓаат е превземен од МАКФАКС.