Фаворитите по план до три бода, Брегалница триумфираше во Велес, бод за Осогово

Денес празнично беа одиграни натпреварите од 25. коло на Втората лига, а во рамки на истото Брегалница дојде до минимална победа над Борец во Велес со голот на капитенот Давид Калпачки.

Три бодови за Победа која со 1:0 ја доби Саса, која пак ја продлабочува резултатската криза. Стрлец на победничкиот гол беше Филип Димоски.

Беласица го доби дербито од средината на табелата со Скопје со резултато од 1:0, а стрелец беше Александар Коцев.

Новаци во вториот дел го доби Вардар Неготино со резултат од 2:0. Бобан Здравевски во 52. минута погоди за 1:0, а во 72. минута Стефан Стефановски погоди за конечни 2:0.

Башкими со 2:0 беше подобар од “фенерџијата” Вардарски преку погодите на Христијан Митревски во 78. минута и најдобриот стрелец на клубот Хусеин Демири во 88. минута.

Лидерот Македонија ЃП со голот на Ристе Лембовски во 65. минута дојде до победа од 1:0 над Детонит Плачковица.

Искусниот Шпенд Асани е херојот на Арсими, кој погоди за минимална победа од 1:0 над Кожуф.

На “Билјанини Извори” немаше победник откако Охрид и Осогово ги поделија бодовите играјќи 2:2.

Ангел Крстевски погоди за 1:0 на полувреме, а на стартот од вториот дел Оливер Дишлиевски погоди за 2:0.

До крајот Владимир Жоглев со два гола ги постави конечните 2:2.

Македонија ЃП е лидер со 56 бодови, а толку има и Башкими кој е втор. На третото место или во бараж зоната за ПМФЛ е Арсими со 54 бодови, а Брегалница е четврта со 51 бод.

Александар Ванев, М-Нет