
По започнувањето на изборниот процес во Општина Штип, за градоначалник, останува прашањето ќе се постигне ли цензус. Цензусот се очекува да биде постигнат, и до истиот се доаѓа со излезеност од една третина од вкупниот број на гласачи, полнолетни и запишани во избирачкиот список.
„Доколку нема цензус, започнува целото гласање од почеток. Нема втор круг, нема ништо, туку едноставно се прекинува и изгласува собранието на републиката дека ќе има нови избори во Општина Штип и протекуваат оние регуларни денови на изборен процес“ – истакнаа од ОИК – Штип.
Денеска гласаат лицата позитивни на Ковид – 19, и оние во изолација, утре болните и изнемоштени и затворениците, а во недела на 13 декември сите останати граѓани на Општина Штип. Просториите за гласање се дезинфицираат пред почетокот и по завршувањето на изборите, и ова е еден од главните договори со што се исфрлаат можностите за појава на ширење на било каква зараза, – информираа од ОИК -Штип.
Лаура Стојанова М-Нет