
Со фотографии од своите загинати деца во рацете, транспаренти и болка што не стивнува, родителите на жртвите од трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ по 41-ви пат излегоа на протестен марш.
Заедно со блиски роднини, пријатели и граѓани, овојпат маршираа низ улиците на Штип. Тргнаа од плоштадот „Слобода“, а потоа застанаа пред СВР Штип, каде и овде побараа одговори и правда.
Тие уште еднаш ја изразија својата болка и разочараност поради тоа што се уште нема конкретни одговори.
Месеци по најавите за кривични пријави против службени лица од УЈП, инспекторатите и други институции, тие велат дека има само молк. За родителите, секој изминат ден без одговор значи нова болка.
,,Поминаа месеци, од кога беа најавени кривични пријави против службени лица од УЈП, инпекторатите и други одговорни лица. Од тогаш молк. За нас секој ден без одговор е нвоа болка. Не зборуваме за предмет на хартија,туку за 63 изгубени животи. До каде е постапката и кога ќе започне судењето. Кој ќе одговара и кога. Бараме одговори и правда.“, велат родителите
Родителите на загинатите и натаму велат дека правдата ќе ја барат докрај и ќе ја бараат се додека треба, за нивните ангели, кои никогаш нема да бидат заборавени.
Инаку, во пожарот животот кој се случи на 16 март 2025 во дискотетката Пулс во Кочани, животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени. Неколку повредени се уште се лекуваат. Судењето се уште е во тек.
Иван Митев, М-Нет