Се реконструира улица 13 во село Таринци, до лето селото добива две комплетно обновени улици

Почнаа активности за реконструкција на улица 13 во селото Таринци, како дел од планираните инфраструктурни проекти на Општина Карбинци за 2026 година. По надминувањето на имотно-правните пречки, денеска стартуваа градежните работи на втората улица во низата, со поддршка од Министерството за транспорт и врски и проект финансиран од Светска банка. Надлежните очекуваат до лето селото да добие целосна реконструкција на двете улици 3 и 13.

,,Реконструкција на постоечката улица 13 во селото Таринци. Оваа активност е дел од од оние планирани активности за 2026 година на Општина Карбинци, во делот на патната инфраструктура, ак онкретно овој прокети и оваа втора улица во низа е поддржана од страна на министерството за транспорт и врски, преку проектот од страна на светска банка, кој што е финансиран. Очекувам еве започнувајки со денес на претходно доста потешкотии во делот на имотно правни односи, конечно е расчистена ситуација и започнувајки со денес, очекувам во следниот период да имаме непречно одвивање на градежните работи, со тоа што во текот на летниот период и месеци да имаме целосно реконструиорани две улици. Тоа се улица три и тринаесет, која то се работи токму денес.“, кажа Паунов

Станува збор за крупен инфраструктурен зафат што опфаќа повеќе сегменти од уредувањето на просторот. Проектот предвидува комплетно решавање на одведувањето на отпадните и атмосферските води, изградба на тротоари и воведување нови сообраќајни решенија.

„Ова е крупен инфраструктурен проект, затоа што овој проект предвидува целосно одведување на отпадните води, атмосферска анализација, тротоарски решенија и целосно сообраќајни нови решенија.“, рече Паунов

Со реализацијата на овој проект, очекувањата се дека значително ќе се подобрат условите за живот на жителите во Таринци. Надлежните се надеваат, градежните работи да се одвиваат со засилена динамика во наредниот период. Целта е до крајот на летото улиците да добијат целосно нов и функционален изглед.

Иван Митев, М-Нет