Денеска во Штип започна оценувањето на Лесната пешадиска батаљонска група

Денеска во Штип официјално започна процесот на оценување на борбената готовност на НАТО целната батаљонска борбена група. Оценувањето се спроведува според концептот на Командата за копнени сили на здружената оперативна команда на НАТО. Подготовките започнале во август 2025 година со издавање на соодветна наредба за оценување. Тим од 40 сертифицирани НАТО оценувачи работел повеќе од девет месеци на подготовка за проверка на борбената готовност. Како што истакна потполковник Горан Кимов, овој процес е клучен за утврдување на подготвеноста и способноста на единицата.

„Денеска го означивме почетокот на оценувањето на борбената готовност на НАТО целната способност батањонска група. Батаљонската борбена група ќе биде оценувана во согласност со концептот за оценување на борбената готовност на командата за копнени сили на здружената опративна команда на НАТО. Имено, изминатиот период со издавањето на наредбата за оценување на борбената готовност во август 2025 година, започнаа подготовките на тимот за проверка и оценување на борбената готовност на батаљонската борбена група. За таа цел тим од 40 сертифицирани НАТО оценувачи беше формирана групата и истите го започнаа повеќе од девет месечниот процес за подготовка на борбената готовност. Исто така, во планирачкиот процес на оценување на борбената батаљонска група беше во корелација со раководството и директоратот на вежбата „Блесок 26“, кое што ќе биде искористена за проверка и оценување на сите потребни критериуми за сертифицирање на батаљонската борбена група. За таа цел погдотвени се повеќе од 20 настани, проследени со преку од 100 инциденти кои што ќе го предизвикаат персоналот од батаљонската борбена група на покажување на својата подготвеност. За таа цел, истата ќе биде проверена во седум области. Сето тоа ќе биде реализирано во три фази, првата фаза која што штотуку ја започнавме, а тоа е проверка на подготвеност во касарна, проверка на целокупноста на индивидуалната, колективната и опремата неопходна за извршување на доделената мисија. Како што и напоменав, третата фаза е завршување на формалниот извештај, со кој и ќе ја имаме оценката за подготвеноста на единицата, а тоа ќе биде во петок. Очекувањата се дека тие ќе го покажат најдоброто од себе.“- потполковник Горан Кимов, директор на тимот за оценување на лесната пешадиска батаљонска група

Како што истакна Кимов, единицата ќе биде оценувана во седум области, а целиот процес се реализира во три фази, почнувајќи со проверка во касарна на индивидуалната и колективната подготвеност, како и опременоста.

Кимов беше дециден дека финалната оценка ќе биде заокружена со формален извештај до петок, при што се очекува единицата да ги покаже своите најдобри способности.

Дајана Сандева, М-Нет