
Со бесплатно мерење на крвниот и очниот притисок, како и гликемијата во крвта на случајните минувачи, денеска средношколците од штипското средно медицинско училиште „Јане Сандански“ го одбележаа 12 Мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри. Преку хуманата акција, тие ја подигнуваа свеста кај граѓаните за важноста од редовните здравствени контроли и грижата за здравјето.
,,Денес сме овде по повод 12 мај, денот на сестринството, каде што реализираме хуманитарни активности, како мерење на крвен притисок, гликемија во крвта, витаминско-минерален статус и очен притисок, со цел да помогнеме да ја подигниме свеста на граѓаните за важноста на здравјето. Сите тие кои имаат висок или низок крвен притисок, ги советуваме за понатамошно дали да отидат на проверка кај матичен лекар и која терапија дали се пиеле дали да пијат, им даваме совети како да им е подобро.“, кажа Андреева
За акцијата, благодарни граѓание, кои минувајќи застанаа да ја проверат својата здравствена состојба. Велат наместо да одат на лекар, вака минувајќи ја искористија можноста.
Меѓународниот ден на медицинските сестри се одбележува на 12 мај секоја година уште од далечната 1974 година. Овој датум се слави низ целиот свет за да се одбележи придонесот на медицинските сестри во општеството. Нивната професија е фокусирана на грижата за поединци, семејства и заедници за тие да можат да постигнат и одржуваат оптимално здравје и квалитет на живот. Медицинските сестри може да се разликуваат од другите даватели на здравствена заштита според нивниот пристап кон грижата за пациентите, обуката и опсегот на пракса во најразлични области.
Иван Митев, М-Нет