
Сојузот на борци Штип денес изрази барање делото и трудот на револуционерот и борецот Ацо Шоп да се овековечи преку изградба на споменик во Штип, поставен на влезот на културниот дом што го носи неговото име. Претсседателот на сојузот на борци истакнуваат дека славното минато на Македонија треба да служи како пример за сегашните и идните генерации. Воедно, потенцираат дека татковината мора да се брани и нејзината слобода да се зачува, дури и по цена на големи жртви. Со положување цвеќе и потсетување кои всушност бил Ацо Шопов, денес беа одбележани 44 години од смртта на борецот и револуционерот.
„На нас не ни останува ништо друго освен да му изразиме голема благодарност на Ацо Шопов за се што направи за нас граѓаните и за република Македонија. Како сеќавање на Ацо Шопов треба да изградиме споменик во Штип и да биде лоциран баш тука на влезот на културниот дом кои го носи неговото име. Поради ова останува пораката, славното минато на Македонија и на македонецот, бека ни биде пример на сите нас и на граѓаните што доваѓаат по нас, макар и по цена на најголемите жртви, татковината мора да се брани и одбрани, да се брани нејзината слобода и националниот интегритет. Се сеќаваме и на нашите борци кои загинаа за оваа слобода, но и се сеќаваме и за оние кои ја преживеаа војната а починаа покасно, зошто тие ни дадоа знаење како да се гради и развива нашата земја, за да се создаде едно поубаво утрто, а токму за тоа се залагаше борецот и револуционерот Ацо Шопов. Да живее Република Македонија. Предлагам со едноминутно молчење да му оддадеме почит. “- Петар Мицевски претседател на Сојузот на борците во Штип
Од Сојузот на борци изразија благодарнот до борците кои ги загубиле животите за нашата земја, но и на оние кои ја преживеале војната и подоцна придонеле за формирање на државата. Тие нагласуваат дека токму нивното знаење и посветеност овозможиле создавање на подобра иднина, за што се залагал и Ацо Шопов.
Одбележувањето се заврши со положување цвеќе и едноминутен молк, но и јасна желба да се изгради споменик во чест на Ацо Шопов.
Дајана Сандева, М-Нет