СОУ „Димитар Мирасчиев“-Штип се закити со прва награда за најдобра модна ревија

Вештите раце на ученците од СОУ „Димитар Мирасчиев“ од Штип ја донесоа првата награда на натпреварот МАСУМ. Всушност ова е показател за креативноста на учениците како и нивната макотрпна работа за подготвувањето на овој вид на натпревар меѓу кои учествувале и други училишта

„благодарност, до учениците кои што дадоа голем придонес со нивните креации и изработката на моделите кои се претставивме на модното ранеду оваа година со тоа што ја добивме првата награда за стучни училишта. Оваа година за прв пат МАСУМ организираше модна ревија за државни училишта и модна ревија за стручни улишта. Голема благодарност секако и до целиот колектив за идеите кои придонесоа за да можеме да добиеме награда, со големи напори се надеваме дека и натаму учениците ќе бидат многу креативни, инспиративни.“ изјави Неткова

Професорката исто така напомена дека ќе се организира отворен ден се со цел да се видат моделите од модната ревија

„Ќе има отворен ден да можатда ги видат овие модели од модната ревија како и други модели кои што нашите ученици ги изработуваат во текот на практичната настава и учење преку работодавач. За ревијата МАСУМ ние искористивме период од второ полугодие негде фебуари месец, почнавме со подготовки со тоа што учениците прво осмислија модели истите модели ги нацртаа на скици„ најави Неткова

Со активностите и учествата на натпревари изјавија дека продолжуваат и во иднина

Лаура Стојнова М-Нет