Двонасочен сообраќаен режим од Основниот суд Штип до Клиничката Болница

Денес започнува уредување на крстосницата кај паркот Кртеќе, која ќе се замени со нов турбо кружен тек. Овој проект е дел од пограмата која ја работи градоначалникот и се надева дека овој проект ќе ја подобри безбедноста во сообраќајот, а и ќе го олесни патот до Клиничката Болница, кој значи многу за граѓаните. Вредноста за овој проект изнесува околу 10 милиони денари, аистиот ќе биде целосно осветлен и уреден.

„Започнуваме со реализација на најавениот прокет за уредување на крстосницата кај паркот Кртеќе. Во наредниот период ќе се работи на турбо кружен тек, кој ќе ја подобри состојбата во сообрќајот на Општина Штип, ќе ја подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот до Клиничката Болница. Вредноста одвоена од буцетот на Општина Штип за реализацција на овој турбо кружен тек е нешто околу 10 милиони денари. Целосно осветлен и уреден со проширување на веќе постоечката сообраќајница и крстосница. “ – изјави Јорданов

Денес најавиа дека по завршувањето на реализацијата на овој кружен тек ќе има измена во ссобраќајниот режим, движењето ќе биде двонасночно од новиот кружен до основниот суд во Штип. Но и паралелно ќе се работи на дообезбедување на нови паркинг позиции.

„По завршувањето и по реализацијата на турбо кружниот тек ќе има измена на сообрачајниот режим, односно двонасочно движење на возилата од оваа точка кон основниот суд Штип. Сњо што ќе се растерети едната сообраќајница која во овој момент се користи како еднонасочна.Паралелно ќе се работи на дообезбедување на нови паркинг позиции за станарите од порта проклет за практично да не се намалат паркинг површините.“ – додава Јорданов

Дециден Јорданов кој вели дека во изминатите две годнини постојано се работи за реконструкција на сообрачајот, односно се рекоструираше крстосницата во населба Сењак, проблемот е завршен. Вели дека во тој период се уреди и крстосницата кај црквата Св.Никола со кружен тек, а следна на која ќе се работи е овде во паркот Кртеке. Во наредниот период ќе се работи и на друг проект за уредување кај кружниот тек на бул. Партизанска до поранешното нервно одделение.

Лаура Стојанова М-Нет