Сончево и топло времето за Илинден, има можна појава за дожд

Сончево и потопло ќе биде времето за Илинден, температурите до 37 степени. Како што информира дежурниот синоптичар Јулијана Фиданоска Мишкоска за М-Нет телевизија, иако времето се очекува да биде топло, сепак дождот не е исклучен од појава. Потенцираше дека во попладневните часови утре и во недела ќе има појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

,,Стабилно време во најголемиот дел од земјава, сончево и доста потопло во деновите од викендот со максимална температура во интервал од 28 до 37 степени, а недела и до 38 степени. Во попладневните часови и утре и во недела ќе има изолирана појана на нестабилнст со кратоктраен пороен дожд и појава на грмежи.“, рече Фиданоска Мишкоска

Oд понеделник се очекува времето да биде нестабилно со врнежи од дожд, додава Фиданоска Мишкоска. Температурите од 28 до 36 степени

На овие променливи временски услови, лекарите предупредуваат на внимание, особено кај хроничќно болните лица. Редовно да ја примаат својата терапија, да пијат доволно течности и да избегнуваат дирекно изложување на сонце.

Иван Митев, М-Нет