Македонија ЃП се засили со Клинтон Осеи, следната недела промоција на нови играчи кај второлигашот Каменица Саса, нови засилување кај Слога Виница

Екипата на Македонија ЃП која експресно се врати во Првата македонска фудбалска лига претстави ново засилување. Се работи за напаѓачот Клинтон Осеи, кој доаѓа од редовите на Воска Спорт од Охрид.

Новото засилување на „лавовите“ има 23 години, минатата сезона постигна седум голови во дресот на клубо тод Охрид.

Екипата на Македонија ЃП сезоната во ПМФЛ ја отвара со гостување кај Струга Трим Лум.

Во текот на следната недела ќе бидат промовирани првите летни засилувања во тимот на Каменица Саса.

Второлигашот од Македонска Каменица договори неколку млади и квалитетни засилувања, а во текот на следните денови ќе следува нивна официјална промоција.

„Рударите“ новата сезона во ВМФЛ ја отвараат против Осогово од Кочани со дербито на Истокот.

Нови имиња во редовите на второлигашот Слога Виница предводен од Емил Грнев се Сухејб Рушити и Давид Дебрешлиоски.

Александар Ванев, М-Нет