
Вкупно 80 милиони денари или по 1.000 денари за секое семејство ќе бара штипскиот Совет од Владата за помош во енергетската криза. Ова е одлуката која на денешната седница беше оформена, а изгласана и донесена од страна на мнозинството, што претходно помина како иницијатива од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Според нив, секое домаќинство користи околу 1500 киловат часови за секој поединец на годишно ниво, па за грејниот период секое семејство би добило околу 6.000 денари. Ваквата пресметка на сумата е и согласно со податоците од последниот Попис.
Ваквото барање е по примерот на град Скопје, за каде се издвоени 2,9 милиони евра месечно за греење. Според подносителите, субвенцијата ќе биде пропорционално распределена на домаќинствата кои се потрошувачи на електрична енергија, а со ова ќе се избегне нееднаквиот третман на граѓаните. Субвенцијата е во просек 25% од износот кој граѓаните просечно го плаќаат за потрошена електрична енергија, колку што се очекува да биде вкупното поскапување на струјата од 1 јануари.
Ребека Спасова М-Нет