Два директни преноси на М Нет од Втората лига овој викенд

Викендот на програмата се натпреварите од 10. коло од Втората македонска фудбалска лига. Сите натпревари ќе се одиграат в сабота, а мечот меѓу Тетекс и Слога од Виница ќе се одигра в недела. Што се однесува до времето на одигрување, сите натпревари ќе започнат во 14 часот, големото дерби меѓу Вардар и Воска ќе стартува во 13:30 часот, а пак дуелот меѓу Тетекс и Слога Виница, кој се игра в недела ќе започне во 13 часот. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум второлигашки натпреварите. Искусниот Александар Ставрев ќе го суди големото дерби меѓу Вардар и Воска Спорт, кое се игра на „Железарница“ во Автокоманда, Кирил Смоквоски ќе патува во Велес каде ќе им суди на Борец и Караорман, додека пак штипјанецот Димитар Пилешков ќе им суди на Кожуф и Гостивар во Гевгелија.*

Делегирани судии 10. коло ВМФЛ:Пелистер – Беласица, Игор Иванов (Велес)Тетекс – Слога Виница, Дени Лековски (Битола)Вардар – Воска Спорт, Александар Ставрев (Скопје)Кожуф – Гостивар, Димитар Пилешков (Штип)Арсими – Беса, Пларент Салихи (Тетово)Охрид – Каменица Саса, Бењамин Ќерими (Скопје)Детонит Плачковица – Локомотива Пехчево, Марјан Стојановски (Кичево)Борец – Караорман, Кирил Смоквоски (Прилеп).

Телевизија М Нет во живо ќе пренесува два натпревари од 10. коло од Втората македонска фудбалска лига. Веќе утре, со почеток од 14:00 часот на гледачите на М Нет ќе го следат во живо дуелот од Битола меѓу Пелистер и Беласица, додека пак в недела со почеток од 13:00 часот, М Нет ќе врши директен пренос од дерби дуелот од дното на табелата меѓу Тетекс и Слога 1934 Виница.