
Одржана и четвртата по ред седница на Советот на Општина Штип. Иако на почетокот се изгчедаше навидум нормално бидејќи присуствуваа сите советници, продолжението доби очекувани пресврти. Имено, главна тема на дискусија пред расправата за точките на дневен ред беше потпишаната или не свечена изјава со или без придавката северна. Тема на разговор неше и местото и времето на потпишување на истата од страна на советниците од ВМРО ДПМНЕ, а по решението кое стигна од Државниот инспекторат за Локална самоуправа.
„Најпрвин би сакала да добијам информација од службите и од Претседателот на Советот дали е постапено по однос на решението од Државниот инспектор за Локална самоуправа и доколку е постапено дали е постапено во целост или делумно“ – праша Рогожарска.
„Го разбирам делот, недоумицата дали треба да учествуваат на седница или не, меѓутоа сакам да потенцирам во делот на изврешниот надзор дека од страна на инспекторот беше укажано дека потпишувањето на свечените изјави дека не мора да биде на самата седница или на свечена седница, од причини што е укажано дека секоја од советничките групи треба да постапи согласно решението“ – додаде Иванов.
По недоразибирањата и не пронаоѓањето заеднички јазик и на четрватата седница на Советот на Оштина Штип, советниците од СДСМ ја напуштија седницата пред да биде ставен на гласање дневниот ред. Потоа, се разгледуваа 21 точка, а кворум за работа имаше со советниците од ВМРО ДПМНЕ и Левица.
Лаура Стојанова М-Нет