Сметката за електрична енегрија на ЈП „Исар“ за февруари 11 милиони денари

За осум милиони денари е пониска смеметката за електрична енергија на ЈП „Исар“ споребено со претходниот месец. Имено, за февруари ова јавно претпријатие за струја има доспеано сметка од 11 милиони денари. Меѓутоа, од 18 февруари штипјани се приклучени на хидро системот Злетовица, па ова влијае врз намалената сметка.

„Сметката за изминатиот месец е за осум милиони денари пониска споредбено со претходниот месец. Значи сметаката за струја е 11 милиони денари, но од 18 февруари јавното претпријатие се приклучи на ХС Злетовица, така да сметката за месец март ќе биде уште значително пониска што значи дека јавното претпријатие го решава проблемот со високите сметки за струја“ – кажа Здравков.

Со оглед на фактот дека ова јавнот претпријатие се гуши во долгови, сметките за струја ќе се обидат да ги сервисираат во договор на рати, истакна директорот Здравков. Истовремено тој посочи дека можна е и помош од Општина Штип колку што дозволуваат условите.

Инаку, во последната прилика градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека стравува од блокирање на сметката на ЈП „Исар“ со што истото нема да биде ликвидно. Со исти став е и директорот Здравков, но се надева дека ќе има разбирање од другите страни и најголемото штипско претпријатие ќе продолжи да функционира.

Лаура Стојанова М-Нет