
400 грла добиток вистински проблем за жителите на неколку штипски села. Со солзи во очите Блажо Цветановски од штипското село Љуботен раскажува како кравите му ја уништуваат единственста шанса за живот. Посеви со пченка, јачмен, овошни насади се секојдневна мета на животните кои се пуштени од страна на сопствениците и создаваат штета во Љуботен, Долани, Чифлик, Балталија и месноста Струмина чешма.
„Ќе се откажеме од целиот имот. Лани 1500 кг жито го уништија кравите, знам чиви се говедата ама бегат, кријат се. Јас живеам со девет илјади денари од заводот, жената е дома“
Освен посевите во нивите кравите штета прават и во околните места, гробиштата, цркавата, дворовите и шталите полни со сено, велат жителите.
Со овој проблем жителите на четирите штипски села се соочуваат веќе петта година по ред. Велат како добитокот им гази по маката, а никој не превзема одговорност. Тропале на вратите на сите институции за помош и решавање на проблемов, но одговор нема. Пријавувале и во полиција, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во ресорните меинистерства, но и од таму трпат анархија. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека е запознаен со проблемот и дека се работи на негово репшавање.
„Таму веќе неколку години наназад жителите се соочуваат со проблеми. Говедата и кравите кои неконтролирано се пуштаат на паша им создаваат проблеми на нивните земјоделски посеви. Ние направивме еден координативен состанок со надлежните и засегантите граѓани и разговаравме како да се надмине истиот“ – кажа Јораднов.
Јорданов се надева на решавање на проблемот, а жителитее чекаат дела, бидејќи на зборови не веруваат повеќе.
Лаура Стојанова М-Нет