
Амбициозниот третолигаш Слога Виница го промовираше дефанзивецот Андреј Воинов како најново засилување за пролетната полусезона. 19-годишникот е повратник во редовите на Слога, а доаѓа од екипата на Брера Струмица каде настапуваше за младинските категории.
Воинов е дефанзивец кој потекнува од младинската школа на Слога. Во пролетниот дел екипата предводен од Крсте Крстев ќе води борба за пласман во Втората лига.
Како што дознава телевизија М Нет до крајот на оваа недела во Виница ќе бидат промовирано уште еден до двојца играчи со што ќе се затвори трансфер пазарот во Слога.
Александар Ванев, М-Нет