Слога Виница закажа четири пријателски натпревари, „генералка“ против Вардар Неготино

Второлигашот Слога од Виница закажа четири пријателски натпревари преку кои ќе ја бруси формата за неизвесната пролет во Втората македонска фудбалска лига.

Првиот натпревар се игра веќе денес против прволигашот Тиквеш во Кавадарци со почеток од 13:00 часот.

Вториот натпревар за Слога ќе следува против прволигашот Силекс на домашен терен в среда (25. јануари), додека пак третиот контролен натпревар е закажан против третолигашот Осогово од Кочани за сабота (4. февруари).

Слога „генералката“ ќе ја игра против третолигашот Вардар од Неготино на домашен терен на 11. февруари (сабота).

Што се однесува до контролните натпревари против третолигашите од Кочани и Неготино, станува збор за екипи кои имаат високи амбиции за влез во Втора лига, односно лидери на табелата во Трета лига – Исток односно Трета лига – Југ.

Како што дознава телевизија М Нет, не е исклучена можноста Слога да одигра уште еден пријателски натпревар на 28. јануари.

Слога Виница веќе промовираше неколку засилувања, а како што дознава телевизија М Нет, во текот на следната недела во Виница ќе пристигнат уште неколку квалитетни засилувања, целта во пролетниот дел ќе биде директен и сигурен опстанок.