Следниот викенд ќе започне новата сезона во Првата лига

ФОТО: Телевизија М Нет

Следниот викенд стартува новата натпреварувачка сезона 2024/2025 во Првата македонска фудбалска лига со натпреварите од првото воведно коло.

Како што веќе информираше телевизија М Нет, во првото коло ќе се соочат шампионот Струга Трим Лум и освојувачот на Купот на Македонија екипата на Тиквеш, Брера Струмица на домашен терен ќе го пречека најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, дебитантот Беса ќе игра дерби со Шкендија во Гостивар, повратникот Пелистер во Битола ќе го пречека тимот на Гостивар.

Работнички на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе игра со Силекс од Кратово, Шкупи ќе ја пречека охридска Воска Спорт.

Натпреварите од првото коло ќе стартуваат во 17 часот.

Колку за потсетување во новата сезона ќе се натпреваруваат 12 екипи, последните две директно испаѓаат во Втора лига, а пак десеттопласираната екипа ќе игра бараж за опстанок со екипата која ќе заврши на третото место во Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет