Виничанецот Драги Иванов е еден од последната генерација на изработувачи на буковец и бела толчена сол

Со четириесет години постоење тезгата на Драги Иванов од виничко е прилика за да се најдат стари производи со кои израснале многу генерации. Од темјан, свеќи, кандила и шеќерни бомбони, па се до црвен мелен пипер, како и буковец и толчена сол, може да се најде на тезгата кај него. Најпрво работеше мојот татко, а потоа го наследив јас, вели Иванов и додава дека после него, нема други наследници.

“Берење, сушење, печење и мелење. Имаме и лут и благ. Само чист пипер, тај што ќе си купи тај си додеава се. Инаку пиперот е чист нема сол, нема ништо. Па за мелено месо.”, вели Иванов

Покрај домашното производство на буковец, тој изработува и мелен црвен пипер, кој вели дека е најупотреблив низ секојдневието.

„Печење, исто мелење и тоа се пече кога е сув, значи прво се суши, да тие се прво нижат, па потоа се сушат. Оваа тезга веќе е над 40 години и производството е повеќе наше.”, истака Иванов

Побарувачка има и од белата толчена сол, но таа претежно се бара во предстојните пости, истакнува Иванов и е едногласен дека, додека е во можост тој нема да одстапи од пазарите во истокот.

“Тоа е исто печење на царовка, мешање на чубрика и леблебија и тоа. На млинови, а тие се повеќе на струја, што може нај ситно и еве на пример ова е така мелено и не е сеено. Имам син во Швајцарија, а ќерката заврши за докторка, така да не верувам, тешко. Јас додека можам ќе работам, потоа.” вели Иванов

Инаку, Драги Иванов е еден од последната генерација на изработувачи на вакви македонски стари продукти, кој секој пазарен ден ги продава на својата тезга. Покрај во Виница, тој е редовен и на пазарите во Берово, Делчево, но и Македонска Каменица.

Лаура Стојанова, М-Нет