
Скромно согласно можностите и согласно скромноста на македонскиот народ, капмањата за претседателските избори ја започна и политичката партија Левица. Кандидатот за претседател професорката Билјана Ванковска истакна дека кампањата ќе биде скромна, ама не и програмата односно она што треба да се направи за државата.
„На која ќе се преставуваме скромно согласно своите можности, онака скромно како што е скромен и нашиот народ, сиромашен, напатен, обичен кој не сака билборди. Програмата не е толку скромна оти доаѓа од професорка“ – вели Ванковска.
Различна во она што го нуди, различна во начинот на презентација, во аргументите и визијата, Ванковска посочи дека стои зад се што е ветено и дека истото ќе биде реализирано.
„Она што јас овде го ветив уште на денот кога ја највивме кампањата, најавив и останувам на тоа дека јас ќе бидам една и единствена меѓу седуммината која ќе се разликува по она што ги нуди, по начинот на кој го презентира, аргументите кои ќе ги приложии и визијата за една поинаква Македонија.
Ванковска најави интересна и чесна битка, а во оваа прилика ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на денот на изборите.
Лаура Стојанова М-Нет