Во ЖИВО на М Нет: Саса – Осогово за опстанок, на М Нет Спорт: Детонит Плачковица – Победа

ФОТО: Телевизјиа М Нет

Утре на програмата се натпреварите од 23. коло од Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност да проследат два натпревари во живо преку директен пренос.

На телевизија М Нет ќе може да го следите дербито на Истокот и дербито за опстанок меѓу Каменица Саса и Осогово. Дерби меч без право на грешка, дерби за трите бодови кои Саса ја враќаат во позиција да се избори барем за бараж за опстанок, а Осогово го носат во сигурната зона на второлигашката табела.

Гледајте ја супер-дерби пресметката за опстанок меѓу Саса и Осогово на М Нет, утре со почеток од 15 часот.

На спортскиот канал М Нет Спорт ќе имате можност да го проследите соочување од Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Победа. Градскиот стадион во Радовиш и понатаму е неосвоена тврдина, тука никој ниту гол дал ниту бод освоил, а прилепчани на првото соочување беа подобри од радовишани, па во Радовиш доаѓаат по изненадување, први да го запрадат Детонит Плачковица на свој терен под притисок за позитивен резултат во тешката борба за опстанок.

Соочувањето на Детонит Плачковица и ланскиот прволигаш Победа, следете го на М Нет Спорт, утре од 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет