
Денес ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип организираше акција во која граѓаните по своја иницјатива можеа да дојдат на преглед со цел да им бидат измерени: крвен притисок, шеќер во крвта, и сатурација. Истите можеа да остварат специјалистичка консултација со специјалисти во одредени области како што се: интерна медицина, ортопедија, хирургија.
„Денеска општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ организира акција во која што граѓаните слободно ќе можат да дојдат да им измериме крвен притисок, шеќер во крвта, сатурација, основни работи исто така може да ги насочиме ако имаат специјалистичка консултација со специјалист од одредени области: интерна медицина, ортопедија кардиохирургија, неврохирургија.“- изјави Страшко Миладинов.
За случајните минувачите овие акции се добродојдени и прифатливи бидејќи им се овозможува бесплатно да направат преглед без при тоа да чекаат ред во болниците.
Лаура Стојанова М-Нет