Скокна цената на сирењето, граѓаните мака мачат да купат грутка

Скок на цената на сирењето, граѓаните мака мачат да купат грутка. За многумина, високите сметки, лековите и дрвата веќе им создаваат главоболки, а сега и цените на основните продукти им создаваат дополнително грижа. Според анкетата што ја спроведовме, потрошувачите се разочарани и чувствуваат дека едвај врзуваат крај со крај. Многумина се прашуваат како да го издржат месецот со вакви трошоци.

Но, покрај високи цени на сирењето, граѓаните забележуваат повторно скок на цената и на кафето, но и на сувомесните производи.

Ситуацијата со цените на сирењето продолжува да ги загрижува граѓаните, кои се во потрага по решение за растечките трошоци. Според анкетата, многумина се во потешка позиција да го покријат основниот трошок за живот. Интересно ќе биде велат граѓаните, да се види како потрошувачите ќе се прилагодат на оваа ситуација во иднина.

Иван Митев, М-Нет