Под чадор првата седмица од ноември, oд четврток обилни врнежи од дожд

Под чадор првата седмица од доември, oд четврток обилни врнежи од дожд. По неколку стабилни и суви денови, нова влажна воздушна маса ќе ја зафати земјава. Од четврток попладне, дождот прво ќе пристигне во источните делови. Локално, врнежите ќе бидат пообилни и ќе продолжат се до понеделник. Температурите остануваат над нулата, со дневни вредности до 14 степени. Синоптичарите велат есента е во полн ек, а температурите се токму во просекот за овој период.

,,Утре не очекува стабилно и суво време, од четврток па понатаму од попладневните часови најпрво во источните делови на републиката ќе започнат локални врнежи од дожд, кои што наместа ќе бидат локално пообилни се до понеделник. Утринските температури ќе се задржат над нулата, а дневните максимални ќе бидат до 14 степени. Teмпературите се во просекот.“, рече Цветковкса Атанасова

Со дождовите и студеното утро доаѓа и сезоната на настинки. Лекарите веќе бележат зголемен број пациенти со симптоми на респираторни инфекции. Апелираат граѓаните да не ги потценуваат првите симптоми, туку навреме да побараат совет од лекар. Особено внимателни треба да бидат децата, постарите лица и хронично болните. Се препорачува топла облека, повеќе витамини и доволно внес на течности. А за оние што мора да излезат, чадорот, шалот и трпението стануваат задолжителна есенска опрема.

Иван Митев, М-Нет