Сите патишта во четврток водат кон штипскиот Дом на млади – низа актиности за концертот за Тоше Проески

Крводарителска акција под мотото „Биди хуман како Тоше“, документарен филм за Тоше, настап на музички ѕвезди и главниот настан „Ноќ на емоции“ – низа настани се резервирани за во четврток 6 јуни за кога е закажан коцертот за Тоше Проески. Во штипскиот Дом на млади, предвидено е да голем број на граѓани да присустуваат на настанот за Проевски и да уживаат потсетувањјќи се на најголемата музичка ѕвезда.

„Концертот ќе се одржи на 6 јуни во четврток овде во Дом на млади Штип. Ќе има низа активности. Од 10 до 16 часот ќе се одржува крводарителска акција под мотото „Биди хуман како Тоше“. Во 19:30 часот започнува премиерата на документарниот филм кој е снимен за Тоше. Времетраењето на филмот е еден час. На крајот е главниот настан „Ноќ на емоции“ – вели Стаменов.

На настанот е предвидено да настапат повеќе од 15 музички ѕвезди од македонската музичка естрада. Тоше, неговата музика и неговото дело заслужуваат да бидат почитувани, но и да се пренесе на помалите што е вистинска вредност, вистинска музика и кој бил Тоше Проески.

„Со нас, ние како бенд ќе придружуваме сите кои ќе настапат таа вечер на концертот. Ќе настапат Зоран Илиев, Весело штурче, Александар Тарабунов, Димитар Андоновски, Лара Ивановска, Шаќири, Мартинијан Кириловски, ние како бенд, а ќе имаме и гости“ – вели Стевановски.

Вакви концерти посветени на Тоше треба да се организираат почесто вели Илиев кој ќе биде дел од настанот. На 6 јуни сите патишта водат кон штипскиот Дом на млади, вели тој и упати апел до до граѓаните да присустуваат и да се забавуваат.

„Имам чест да бидам дел од овој концерт. Вакви концерти треба да се одржуваат што почесто бидејќи Тоше беше човек кој ни даде правец како да живемее и да помагаме.“ – вели Илиев.

Дел од собраните средства на концертот ќе се употребат за реконструкција на улицата Тодор Проески во Крушево, а дел од средствата ќе бидат наменети за лекувањето на штипјанката Сибел Омерова. Кутии за донации на Омерова ќе бидат поставени пред и за време на концерот.

Лаура Стојанова М-Нет