
Сите македонски производи ќе добијат ознака во маркетите ширум земјава. . Оваа кампања има за цел да ги поттикне потрошувачите да изберат локални производи и да ја поддржат домашната економија. Процесот на обележување и регистрација на македонските производи веќе е започнат, а истиот ќе се шири низ целата земја, создавајќи нови можности за раст на македонската економија. Како што потенцираше министерот Цветан Трипуновски, во тек е процесот на пријавувањето на земјоделците и маркетите.
,,Целта на кампањата е да практично му дадеме епитет на македонскиот земјоделец, кој што произведува квалитетни македонски производи. Дополнително во кампањата е да им помогнеме на македонските компании, кои што работат преработки на земјоделски производи, бидејќи тие компании вработуваат наши сограѓани, кои што земаат плата и ги хранат своите семејтсва. И трето и најважно е да ја расдвижиме домашната економија. Парите кои што ги трошат граѓаните да останат во нашата домашна економија, која што практично ќе значи заокружување на целиот процес. Ние како министерство со дирекна комуникација со маркетите сме во фаза да бидат поделени оние означувачи на македоснки производи, кои што се продаваат ширум маркетите во нашата држава. Тече процесот на пријавување на земјоделци, како и ланец на маркети кои што прават регистрација на своите центри ширум земјава.“, потенцираше Трипуновски
Целта е да се истакне домашното производство, додаде министерот Трипуновски, а идејата како што реле е купувачот да може да бира помегу увозното и домашното производство.
Инаку, со ваквите новитети, како што потенцираше министерот Трипуновски е да се подржи најпрво македонскиот земјоделец, а потоа македонското производство на граѓаните. Дециден останува дека во Македонија ќе се возобнови земјоделието.
Иван Митев, М-Нет