Успешно заврши полагањето на матура на 50 ученика во Штип, резултатите ќе бидат објавени наскоро

Без проблеми и со успешна организација, помиина матурата Штип. Оваа година во августовскиот рок беа пријавен 50 ученика од 11 градови од југоисточниот регион, а се полагаше македонски и англиски јазик и изборен предмет. Притоа, полагањето се одвиваше без никакви инциденти, што беше резултат на добро координираната подготовка и новиот поедноставен начин на организација. Резултатите се очекуваат наскоро, и како што истакнува директорката на СОУ „Коле Нехтенин“, Јованка Шалева, ученици кои не успеале да ја положат матурата во јунскиот рок ќе имаат брзо финализирани оценки.

,, Според насоките на државниот испитен центар, оваа година во августовскиот испитен рок матурата се полага во Штип за градовите од југоисточниот регион. Во понеделникот се полагаше предметот македонски јазик и литература и беа пријавени вкупно 50 ученика. Денеска се полага англиски јазик и другиот изборен предмет и полагаат вкупно 30 ученика од 11 градови. Полагањето помина во најдобар ред, се полагаше на кампус 2, се покажа дека овој начин на полагањето на матура е многу полесен во однос на организацијата, немаше ниаккви проблеми, а се надеваме дека ќе бидат многу бргу резултатите, бидејќи станува збор за многу мал дел ученици, кои што не положиле во јунскиот уписен рок.“, рече Шалева

Најголем дел од учениците кои полагаат државна матура во последниот рок се вонредни ученици, потенцираше Шалева. Додаде дека има и многу мал дел, кои што не успеале минатите години да положат

Инаку, од следната недела на 21 август, учениците кои не успеале да се запишат во јунскиот уписен рок , ќе имаат можност повторно да се пријават. Во текот на целиот ден ќе биде електорнското пријавување, а на 22 август од 10 часот наутро ќе бидат истакнати конечните листи.

Иван Митев, М-Нет