Систем за компјутерска томофрафија доби кочанската Општа болница, донација од скопска клиника

Систем за компјутерска томографија доби кочанската болница со проширена дејност. Апаратот во болницата пристигна денеска, а се очекува наредната година целосно да биде пуштен во употреба. Ова значи дека термин за снимање ќе има и во Кочани, со што пациентите од Кочани но и крајниот Исток нема да патуваат до Штип или Скопје. На таков начин ќе се штеди и време и пари, а многу полесно и побрзо ќе се дијагностицираат потребите на пациентите.

„Денес пристигна во нашата болница, ќе се монтира и во најбрз можен рок ќе биде пуштена во во употреба.“ – вели Георгиева Трпевски.

Компјутерската томографија е една од најзначајните дијагности во кочанската Општа болница која треба да се користи во периодот кој следи. Најчести снимања има на главата, и со овој апарат се овозможува тоа да се прави и во болницата во Кочани.

„Компјутерската томографија е една од најзначајните дијагностики за нашата патологија, најчесто се користи за снимање на глава, а се снима и рбетниот столб. Ќе биде од голем бенифит и за нашите пациенти оти ќе заштедиме и на време за нивно побрзо дијагностицирање.“ – вели Шоповска Китанова.

Потребата од компујутерската томографија е доста потребна, а има специјалисти доктори кои ќе ги извршуваат работите овде. Ќе се работи во прва и втора смена, а најверојатно и на повик.

„ Оваа компјутерска томографија е долгоочекувана и многу потребна за нашата болница. На неа ќе се работи се што е можно, глава, абдомен, политрауми исто така.“ – додава Могилевска Груевска.

Компјутерската томографија е донација од скопската болница за неврологија во соработка со Министерството за здравство.

Лаура Стојанова М-Нет