
Започнаа активностите за изградба на првата памп патека во паркот во населба „Баби“. Велосипедистите, љубителите на адреналинот од оваа населба, но и од останатите населни места во Штип во наредниот период ќе може да ја користат првата памп патека која се гради во Штип. Ќе биде цеолсно опсветлена, заштитена, надополнета со околна зелена површина и ставена во функција на граѓаните.
„Во населба Баби во паркот, се започнати активности кои во следните денови и недели ќе се одвиваат за изградба на првата памп патека на територија на Општина Штип, која е за велосипедисти, за љубители на адреналин нешто што како содржина во нашиот град првпат ќе се изгради. Станува збор за содржина која се надевам ќе ги анимира најмладите генерации, не само од населба Баби туку и од околните населени места. На површина од околу илјада метри квадратни, целосно осветлена, со доплнителна зелена површина ќе биде едно место, катче за најмладите“ – вели Јорданов.
Проектот е во вредност од шест милиони денари, заеднички средства на Општина Штип и ФРЛЗ, а се прави согласно примерот од останатите градови. Дополнително ќе биде поставен и видео надзор со цел да се заштити паркот и содржините поставени овде.
„Станува збор за заедничка инвестиција со ФРЛЗ. Вкупната инвестиција на проектот е 6 милиони денари, од кои 1.800.000 денари се инвестиција на ФРЛЗ. Она коешто сакам да го напоменам е дека во периодот кој следи ќе поставиме и видео надзор во овој парк.“ – додава Јорданов.
Јорданов апелираше до граѓаните да се однесуваат одговорно и совесно и да не ги уништуваат содржините кои се поставуваат на територија на Штип со цел да може да се користат подолго.
Лаура Стојанова М-Нет