Сируп кој ги лекува и децата и возрасните – маџунот е напиток стар со децении, а се прави и денеска

Еден од најлековитите напитоци е маџунот, кој се прави од грозје и служи како лек за многу болести. Произведувачите од Неготино го продаваат на пазарот во Кочани и велат дека може да се користи за возрасни и за деца. Потребни се 12 часа вриење за добар и квалитетен маџун, работа има, а рецептот е стар со години. Го правеле генерации и генерации претходно, а се произведува и нуди и денеска. Тој е лек кој помага при настинки, инфекции на дишните патишта, нарушена функција на хепарот поради жолтица или алкохолозам, при психички пореметувања и прекумерна тежина. Тој е 100% природен производ кој можете да го користите и како замена за шеќер. Богат е со витамини, минерали, танини, флавоноиди и енергетски супстанци. Се добива со варење на гроздовиот сок исцеден од меленото грозје.

„Маџунот се прави од грозје, односно од шира, од сокот од грозје и се врие цел ден и така маџунот е многу лековит, за мали деца, за бронхит, за потенција и така. Маџунот е една од најлековитите билки. Некаде околу 12 часа е потребно за да се направи маџунот, се врие толку.#

Колку е постар – толку е полековит, велат оние кои произведуваат маџун. На пазарот во Кочани голем дел од купувачите веќе ги знаат придобивките од овој сируп, го купуваат и консумираат истиот. И покрај напорната работа, се нуди по евтина цена од 400 денари за еден литар.

„Тие што знаат го купуваат, цената е евтина – 400 денари литар.“ – додаваат произведувачите.

Маџунот претставува 100% природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси. Може да се користи во секојдневната исхрана за засладување на чај, млеко, мусли или пак како прелив на торти, сладоледи и колачи. Со ова не само што ќе го подобрите вкусот на вашите омилени пијалоци и јадења, туку ќе направите вистински чекор напред кон подобрување на психофизичкото здравје.

Лаура Стојанова М-Нет