Синдикалната кошница за месец јули 60.570 денари, штипјани дедицни тешко се „врзува“ крај со крај

Минималните трошоци за месец јули изнесуват 60.570 денари објави Сојузот на синдикати на Македонија. Споредбено со претходниот месец годинава трошокот е зголемен за 245 денари. Според направените статистики најмногу пари се потребни за исхрана, потоа за образование па за сите останати дополнителни режиски трошоци.

За храна во месец јули отпаѓаат 22.008 денари, образование 7.022, станарина вода електрична енергија и греење 6.014 денари, транспорт 4.977, облека и обувки 4.979 денари, рекреација и култура 4.378, ресторан и хотели 3890 денари, комуникации 3.240, лична хигиен и одржување на хигиената во домот 1.827, здравје 1.135 односно и останати стоки и услоги 1.100 денари.

Додавааат дека доколку на сите трошоци се додаде изнајмен стан од 60 квадрати, тогаш трошоците на синдикалната кошница ќе се зголемат на речиси 76 илјади денари.

Штипјани соогласни дека со минимална плата и плата од 20 до 30 илјади е многу тешко да се живее, па затоа многу често луѓето работат и втора работа со која ги зголемуваат придонесите на месечно ниво.

„Ако се двајца со толку пари можеби ќе стаса, но доколку е еден или двајца толку да зимаат тешко е барам јас така мислам. Па како на западот и таму се цените за храна исти сигурно, барем така викаат, тука некаде.“ – велат граѓаните

„Зорле убавина, но крпиме некако. Од плата со 20 до 30 илјади е многу тешко да се живее, но јас не можам да се поплакам затоа што сум приватен и многу работа имам и оствараувам придонеси.“ – додаваат граѓаните

Велат дека парите никако не стигнуваат, ама се нема крај на ваквата ситуација. Вѝсоки цени во маркетите, со едно пазарување најмалку 3000 денари, а празни кеси е исходот.

Лаура Стојанова, М-Нет