Потребни се соодветни мерки за заштита и безбедност на работно место, колку сегашните даваат резултат?

Пред летото и пред зимата треба да се преземат мерки за да не се случуваат несакани последици кога се во прашање работниците, посочи Милан Цепковски стручно лице за безбедност и здравје при работа. Според него ова претставува проблем која бара соодветно решение. Дециден е дека единствниот кој е одговорен за безбедност и здравје при работа е работодавецот.

„Ако тие две работи не можат да ги разберат дека пред летото и пред зимата треба да земат да преземат активности а не кога се случуваат непогодите тогаш имаме реално проблем. Од друга страна кога зборувам што треба да се преземе не можам да најдам некоја си калауза, решение кое би било апликативно на сите професиии на сите работни места. Јас само можам да препорачам да си го отворат Законот за безбедност и здравје при работа и да го видат конкретно членот 11 кој всушност зборува дека единствен одговорен за безбедност и здравје при работа е работодавачаот.“ вели Цепковски

Меѓу лицата кои се соочуват со несакани последици при работа се и пожарникарите, пред се бидејќи тие се изложени на екстремни температури, згора на тоа и јадрото на пожарот изнесува 700 степени. Ова говори за фактотот дека се подложени на низа предизвиици во работата

„Пожарникарите се изложени на експтремни температури да кажеме и екстрмни температури и во зимно време. Пожарот во зимно време не се оладува едноставно, 700 степени е во јадрото на пожарот и зависи кое гориво. Значи тие се изложени на топлотно зрачење, инфрацрвено зрачење, и предизвиици кои се поврзани со нивната професија“ посочи Цепковски

Пример за несакани последици при работа е командирот на ТППЕ- Штип, Благој Ренџов кој претходниот период макотрпно учествуваше во гаснењето на пожарите. Тој вчеравечер бил пренесен во Клиничка болница во Штип, од таму констатирале тешки повреди на двете раце, моментално е задржан на болничко лекување.

Лаура Стојанова, М-Нет